x

Windows 11 добива нови функции

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 07 Октомври, 2022 од GSM.mk

Новата верзија пристигнува во исто време кога е откриен нов баг во перформансите поврзан со брзината на пренос на фајлови. За жал, новото ажурирање не ја поправи оваа грешка.

Windows 11 22H2 првпат беше претставен пред неколку недели. Оваа надградба донесе со себе голем број промени, како што се табови во File Explorer, како и враќање на некои функции во Task Bar.

Preview Build 22621 сега со себе носи уште повеќе промени во File Explorer, нова алатка наречена Suggested Actions и разни исправки поврзани со безбедноста.

Повеќето од новите функции ќе бидат достапни на глобално ниво, освен една: Suggested Actions. Оваа функција ќе биде достапна само за корисниците во САД, Канада и Мексико. Како што сугерира името, функцијата ќе им овозможи на корисниците да предложат што да прават со копираниот текст. Microsoft даде пример за копирање телефонски број, што резултира со тоа што Windows 11 сугерира да остварите повик во апликацијата Teams. Ако го копирате датумот, Windows ќе предложи да го додадете настанот во апликацијата Календар.

File Explorer добива три мали промени за да ја подобри неговата употребливост. Прво, корисниците ќе можат да закачат важни фајлови и фолдери на почетната страница на апликациите за брз пристап. Второ, корисниците ќе можат да ги видат неодамнешните промени направени во споделените фајлови во Microsoft OneDrive. И трето, File Explorer ќе „обезбеди персонализирани предлози“ според профилот на Microsoft 365 на лицето.

Што се однесува до исправките, Microsoft вели дека има вкупно 30 - од проблеми со фонтот до ненадејно крахирање на Microsoft Storea по ажурирањето и принудните вчитувања кои влијаат на EI режимот на прелистувачот Edge.




Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.