x

Witcher 3 изгледа подобро од кога било

Категорија: Забава Објавено на 06 Јануари, 2021 од GSM.mk

Ако деновиве планирате да ја играте Witcher 3 на PC, дефинитивно мора да му дадете шанса на проектот на Halk Hogan.

Овој mode ја воведува оваа игра во ерата на Ultra HD и нуди подобри и поквалитетни текстури, подобрени модели на ликовите во повеќето региони во рамките на видеоиграта. Сите корисници на современи графички картички мораат да го тестираат овој mode.

На видеото што можете да го видите подолу, Halk Hogan ги претставува подобрените модели и текстури за храната, пијалоците и животните.

HD Reworked Project NextGen (целосно име на проектот) дефинитивно ќе ги подобри визуелите на Witcher 3 и повеќе нема да гледаме лоши текстури и модели со малку детали.


Креаторот напомена дека чека одговор од CD Projekt RED за можна соработка, кога ќе дојде време ажурирање на играта за конзолите од новата генерација PS5 и Xbox Series X/S и PC. Подобрените текстури на Halk Hogan може да станат официјална содржина, но компанијата во моментов има други проблеми за решавање.

Во моментов, HD Reworked Project на Halk Hogan за The Witcher 3 е нешто поблизу до Ultra HD remaster за корисниците на PC. Ако сакате да го тестирате овој mode, преземете го на оваа страница, а креаторот вети дека нови подобрувања и дополнувања ќе пристигнат и следната година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.