x

Xiaomi 12 Lite: Модерен дизајн и подобра камера

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Јули, 2022 од GSM.mk

Реприза на чипсетот Snapdragon 778G, до 8 GB RAM, подобрени предни и задни камери, повисока цена.

Компанијата Xiaomi го претстави својот најевтин модел од серијата уреди Xiaomi 12 - Xiaomi 12 Lite. Станува збор за смартфон од средна класа, кој носи одредени подобрувања во однос на моделот Xiaomi 11 Lite NE, но и значително повисока цена.

На предната страна на уредот има 6,55-инчен AMOLED екран со резолуција од 2.400 x 1.080 и брзина на освежување од 120 Hz. За живи бои и подобар дисплеј има поддршка за HDR10+ и Dolby Vision, додека панелот е заштитен со Gorilla Glass 5.

Се напојува со чипсет Snapdragon 778G, изработен на процес од 6 nm, кој може да се најде и во минатогодишниот модел Xiaomi 11 Lite NE. Новиот уред доаѓа во конфигурација со 6 или 8 GB RAM, како и 128 или 256 GB внатрешна UFS 2.2 меморија. Поддршката за microSD картичка не е присутна. Според тоа, перформансите ќе бидат доста задоволителни за оние на кои не им е приоритет играњето на најпребирливите игри, додека секојдневното користење на социјалните мрежи, сурфањето на интернет и слично нема да претставува проблем.

Xiaomi 12 Lite задржува сличен дизајн каков што можевме да видиме кај серијата уреди Xiaomi 12, а се одликува со тоа што неговите рабови се рамни и не заоблени - слично на новите iPhone.

На задната страна се наоѓа главна камера од 108 MP (сензор Samsung HM2 и отвор f/1.9), до која се наоѓа ултра широк агол од 8 MP, како и макро сензор од 2 MP. Селфи камерата од 32 MP се наоѓа во исечокот на екранот и носи поддршка за автоматско фокусирање.

Во внатрешноста на самиот уред се наоѓа батерија со капацитет од 4.300 mAh, а од Xiaomi тврдат дека треба да издржи ден и пол користење. Исто така, има поддршка за брзо полнење од 67 W, кое ќе ја наполни батеријата до 50% за 13 минути. Во кутијата доаѓа соодветен полнач.

Заинтересираните купувачи ќе можат да изберат помеѓу црна, розова и зелена боја, или три конфигурации - 6/128 GB, 8/128 GB и 8/256 GB. Почетната цена е 400 евра.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.