x

Xiaomi Black Shark 2 пристигнува наскоро како Black Shark Helo

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Октомври, 2018 од GSM.mk

На почетокот од годината, Xiaomi го најави Black Shark како ривал на Razer Phone. Иако овој телефон беше достапен само во Кина, неговиот следбеник ќе биде достапен на глобално ниво...

Нормално, сите очекуваа името на следбеникот на Black Shark да биде Black Shark 2. Но, изгледа дека сепак нема да биде така. Според новите информации, новиот гејмерски телефон на Xiaomi вусшност ќе биде наречен Black Shark Helo. Сега за сега, причината позади името е непозната. Можеби, компанијата не сакаше да го именува Black Shark 2, бидејќи доаѓа со многу мали промени во споредба со првиот модел.

The Xiaomi Black Shark 2 may actually be called the Black Shark Helo

Како и оригиналниот, Black Shark Helo ќе доаѓа со Snapdragon 845, 8GB RAM и 128GB меморија. На предната страна ќе се наоѓа 6 инчен дисплеј со 18:9 сооднос, а ќе работи на батерија од 4000mAh. 

Xiaomi Black Shark Helo официјално ќе биде претставен на 23 октомври. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.