x

Xiaomi го претстави гејмерскиот смартфон Black Shark 2

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Март, 2019 од GSM.mk

Беше најавен уште одамна, а во изминатите месеци добивме многу неофицијални информации за гејмерскиот телефон на компанијата Xiaomi. Моделот Black Shark 2 има моќни спецификации и ветува многу – посебно кога се работи за гејминг.

Black Shark 2 изгледа одлично и веќе се поставува како најголем конкурент за гејмерските смартфони на Asus и Razer.

Воопшто не е чудно тоа што Xiaomi произведува смартфони со врвни спецификации и ги продава во Кина и на пазарите ширум светот по пониска цена, бидејќи оваа компанија е нов играч на пазарот со телефони.

Black Shark 2 има 6,39-инчен OLED екран со интегриран сензор за отпечатоци од прст кој го произведе Samsung. Тоа е одлично, но е далеку од крајот. Xiaomi додаде и систем чувствителен на притисок кој овозможува мапирање на копчиња во аглите од екранот, кои се активираат со посилен притисок на тој дел од екранот.

Смартфонот може да се пофали со многу моќно и опремено куќиште кое го напојува процесор од типот Snapdragon 855. Потоа, тој има батерија од 4.000 mAh со поддршка за брзо полнење, која ќе одговори на сите ваши гејмерски потреби. Основниот модел доаѓа со 6GB RAM и 128GB внатрешна меморија, а најмоќниот модел има 12GB RAM и 256GB внатрешна меморија. На задната страна се наоѓаат камери од 48 и 12 мегапиксели, додека на предната страна е селфи камерата од 20 мегапиксели.

Xiaomi го продава Black Shark 2 во сребрена и црна боја, со тоа што основниот модел чини 480 долари, а поскапиот 625 долари. Кога ќе се појави на останатите пазари останува непознато, но купувачите од Кина веќе го имаат на располагање.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.