x

Xiaomi го претстави најдобриот телефон со камера од 108 мегапиксели!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 07 Ноември, 2019 од GSM.mk

Xiaomi претстави нов смартфон кој дефинитивно ќе биде еден од уредите со најдобри камери...

Фактот што овој уред доаѓа со систем од пет камери на задниот дел всушност не е ниту најдобриот дел. Покрај тоа што има голем број сензори, најдобрата карактеристика е што главната камера е од 108 мегапиксели. Со ова, Xiaomi всушност го претстави првиот смартфон на глобално ниво кој има камера со толку голема резолуција. Се разбира, сликите кои ги произведува не се сметаат за слики од 108 мегапиксели, туку од 27 мегапиксели, бидејќи користи специјална Super Pixel технологија која спојува 4 пиксели во еден. Останатите камери се еднакво импресивни. Станува збор за ултра широкоаголна камера од 20 мегапиксели, заедно со две телефото камери од 12 и 5 мегапиксели, како и макро камера од 2 мегапиксели. За селфињата ке се погрижи камерата од 32 мегапиксели.

Преминувајќи на останатиот дел од карактеристики на овој уред, на предниот дел ќе има голем дисплеј од 6.4 инчи со резолуција од 2340 x 1080 пиксели и придружен од мал notch. Во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 730G со 6GB RAM и 128GB меморија. Друга привлечна карактеристика на уредот е големата батерија од 5 260 mAh која може да издржи до два дена без полнење.

Инаку, уредот првично беше претставен во Кина под името Mi CC9 Pro, но на глобално ниво ќе биде познат како Mi Note 10. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.