x

Xiaomi ја претстави новата серија Redmi Note 10

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Март, 2021 од GSM.mk

Xiaomi ги претстави Note 10 Pro, Note 10, Note 10S и Note 10 5G. Одиме со ред.

Redmi Note 10 Pro

Најдобриот телефон е Redmi Note 10 Pro. Има 6,67-инчен AMOLED екран со фреквенција на освежување од 120 Hz.

Доаѓа со 4 камери. Главната камера има 108 MP и Samsung ISOCELL HM2 процесор, ултраширока камера од 8 MP, макро камера од 5 MP и 2MP сензор за длабочина. Селфи камерата има 16 MP.

Почетната цена започнува од 279$ за моделот со 6/64 GB, 299$ за моделот од 6/128 GB и 329$ за моделот од 8/128 GB.


Redmi Note 10

Има Snapdragon 732 процесор и доаѓа со 6 GB или 8 GB RAM и батерија од 5,020 mAh.

Ќе биде достапен во три бои – Onyx Gray, Glacier Blue и Gradient Bronze.

Redmi Note 10 доаѓа со 6,43-инчен AMOLED екран, главна камера од 48 MP, 8MP ултраширока камера и макро и сензор за длабочина од 2 MP. Предната камера има 13 MP.

Има Snapdragon 678 процесор, 4/6 GB RAM, 5000 мАq батерија. Ќе биде достапен на 8 март во Onyx Gray, Pebble White, Lake Green варијанта.

Ќе се продава по цена од 199$ за моделот од 4/64 GB, моделот од 4/128 GB исто така по цена од 199 долари и моделот со 8/128GB за 279 долари.


Redmi Note 10S

Овој модел е сличен на Redmi Note 10. Има 6,43-инчен AMOLED екран, батерија од 5000 мAh. Се разликува само поради камерата и процесорот. Note 10S има 64 MP главна камера. Останатите камери се од 8MP, 2MP, 2MP, селфи камерата има 13 MP.

Достапен ќе биде од април и тоа во три бои Onyx Gray, Pebble White и Ocean Blue.

Redmi Note 10 5G

Овој модел доаѓа со 6,5-инчен LCD екран со фреквенција на освежување од 90 Hz, процесор МеdiaTek Dimensity 700, главна камера од 48 MP и сензор за длабочина и макро камера од 2 MP. Предната камера има 8 MP.

Има батерија од 5000 mAh. Ќе биде достапен од април во 3 бои: Оnyx Gray, Glacier Blue и Gradient Bronze, по цена од 199$ за 4/64GB и 229$ за моделот од 4/128GB.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.