x

Xiaomi Mi 8 серијата веќе има продадено повеќ од милион уреди!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 28 Јуни, 2018 од GSM.mk

По успешното претставување на почетокот од месецот, Xiaomi Mi 8 се распродаде за самое дна минута во Кина. Сега, уредот постигна уште една успешна бројка..

По распродажбата за помалку од една минута, сега директорот на Xiaomi потврди дека компанијата веќе има продадено повеќе од милион Mi 8 уреди. За разлика од OnePlus, кој истата бројка со својот најнов смартфон ја постигна за 22 дена, успехот на Xiaomi не ја претставува продажбата само на Mi 8. Всушност, уредот веќе е достапен заедно со неговата поевтина верзија, Mi 8 SE, која доаѓа со Snapdragon 710, а поскапиот Mi 8 Explorer Edition го очекуваме наскоро. На почеток, ова не изгледа како успех голем колку оној на OnePlus, но смартфоните на Xiaomi се достапни само во Кина, додека OnePlus 6 се продава на глобално ниво.

Како и да е, компанијата планира да го претстави Mi 8, заедно со останатите верзии, во Европа до крајот на годината. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.