x

Xiaomi Mi 9: Фотографии и спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Февруари, 2019 од GSM.mk

Досега, дознавме дека Xiaomi Mi 9 ќе биде претставен на 20 февруари, истовремено со S10 серијата на Samsung. Сега, знаеме и дел од неговите спецификации, заедно со неговиот дизајн:

Според фотографиите кои се појавија, Xiaomi Mi 9 ќе има три камери на задната страна - системот ќе биде составен од 48 мегапикселен сензор, придружен од 12 мегапикселна секундарна камера и 3D Time-of-Flight сензор.

На предната страна ќе се наоѓа 6.4 инчен AMOLED панел, со резолуција од 1080 x 2220 пиксели. Во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 855. Процесорот ќе биде придружен или од 6GB RAM/128GB меморија, или 8GB RAM/256GB меморија. Скенерот за отпечатоци ќе се наоѓа под дисплејот. Ќе работи на батерија од 3500mAh. 

Заедно со обичната верзија, Xiaomi ќе претстави и "Explorer Edition" од Mi 9, исто како што направи со минатогодишниот Mi 8. Уредот ќе има проѕирен дизај на задната страна, преку кој ќе се гледа процесорот на кој работи - Snapdragon 845. Заедно со процесорот, моделот ќе има најмалку 10GB RAM и 1TB меморија. 

Leaked picture allegedly shows the Xiaomi Mi 9


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.