x

Xiaomi Mi A2: Бои, достапност и спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Јули, 2018 од GSM.mk

Полека, но сигурно, се повеќе детали се појавуваат за очекуваниот Xiaomi Mi A2. Благодарение на последните информации, официјално ќе се запознаеме со спецификациите на уредот, како и датумот на претставување..

Според најновите информации, Mi A2 ќе биде достапен во три бои и четири верзии. Почнувајќи од буџетската верзија, Xiaomi ќе понуди 4GB RAM и 32GB меморија. Доколку тоа не е доволно, има и верзија со 64GB меморија. Покрај нив, натпреварувајќи се со премиум смартфоните на пазарот, ќе има уште две верзии - 128GB меморија и 4 или 6 GB RAM. Како што споменавме погоре, ќе бидат достапни во три бои: црна, сина и златна. 

Како што беше очекувано, Xiaomi Mi A2 е базиран врз основа на минатогодишниот Mi 6X, кој беше претставен во мај. Значи, добиваме висок, 18:9 дисплеј, заедно со алуминиумска конструкција и вертикално поставени камери на задната страна. Во внатрешноста, очекуваме Snapdragon 660.

Најавувањето на Xiaomi Mi A2 е закажно за 25 јули во Мадрид. Наскоро очекуваме информации и за неговата цена. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.