Заедно, Xiaomi Mi A1 и Mi A2 имаат продадено највеќе уреди од било која друга Android One серија во светот. Токму поради тоа, логично е што Xiaomi веќе ја претстави третата генерација од овие успешни смартфони:

Со цел да го продолжи успехот на Mi A серијата, кинескиот бренд го претстави долгоочекуваниот Xiaomi Mi A3, кој ќе чини 249 евра во Европа.
За истата цена како и минатите модели на Xiaomi, корисниците сега ќе имаат пристап до помоќниот Snapdragon 665 процесор. Оваа промена нема да биде толку забележлива како онаа од Snapdragon 625 на Snapdragon 660, но сепак ќе бидат забележни побрзи и помоќни перформанси кај новиот уред. Со процесорот ќе има и 4GB RAM, како и 128GB меморија.
Можеби една од најинтересните спецификации е системот од три камери на задната страна. Од нив, главната камера ќе биде од 48 мегапиксели, придружена од 8 и 2 мегапикселен сензор. Ќе биде достапен во сива, бела и сина боја.
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.