x

Xiaomi Mi Max 3: 6.9 инчен дисплеј и батерија од 5400mAh

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Јуни, 2018 од GSM.mk

Xiaomi веќе потврди дека работи на следбеникот на минатогодишниот Mi Max 2, чие најавување го очекуваме следниот месец, а спецификациите на уредот беа официјално постирани на TENAA:

Почнувајќи од надворешниот дизајн, Mi Max 3 ќе доаѓа со огромен 6.9 инчен дисплеј, значително поголем од веќе големиот 6.44 инчен дисплеј на неговиот претходник. И покрај промената во големината на панелот, целосните димензии на уредот не се многу променети - Mi Max 3 e само 2mm повисок. Повторно, ќе доаѓа со алуминиумска конструкција и скенер за отпечатоци од задната страна. 

Во внатрешноста, не очекува octa-core Snapdragon 636 процесор, придружен од 4GB RAM и 64GB меморија. Како друга варијанта, постои опција со 6GB RAM и 128GB меморија. Без оглед на меморијата, сите верзии доаѓаат со батерија со огромен капацитет, од 5,400mAh. Последно, на задната страна вклучува две камери, една од 12 мегапиксели, другата не е позната, а селфи камерата е од 8 мегапиксели. 

Сега за сега, Xiaomi Mi Max 3 го очекуваме следниот месец, заедно со Mi Pad 4 и Redmi 6 Pro. Ќе биде достапен во црна, сива, сребрена, бела, златна, розева, сина и црвена боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.