x

Xiaomi Mi Mix 2s пристигнува на 27 март со Snapdragon 845

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 02 Март, 2018 од GSM.mk

После долго чекање, Xiaomi конечно сподели информации на твитер за долгоочекуваниот смартфон - Xiaomi Mi Mix 2s

Обновнеата верзија на Mi Mix 2 ќе биде претставена на 27 март и ќе работи на моќниот Snapdragon 845 процесор. Уредот ќе доаѓа со керамичко тело и 5.9 инчен дисплеј. Според претходни гласини, процесорот ќе биде придружен од 8GB RAM и 256GB меморија. На задната страна, ќе се наоѓаат две камери од 12 мегапиксели, а скенерот за отпечатоци ќе биде вметнат под дисплејот. 

Како показател на тоа колку ќе биде моќен Mi Mix 2, работејќи на Snapdragon 845, уредот постигна резултат од 273,741 на AnTuTu бенчмарк тестирањата. Како за спореба, Samsung Galaxy S9+, кој истотака доаѓа со Snapdragon 845, постигна резултат од 265,267  на истото тестирање. 

The Xiaomi Mi Mix 2s will launch on March 27th

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.