x

Xiaomi Mi Mix 3: Цена и Ferrari Edition модел

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Јули, 2018 од GSM.mk

Откако се запознавме со дизајнот на Mi Mix 3, новите информации ги откриваат цените по кои ќе се продава, како и верзиите во кои ќе доаѓа..

Како што беше очекувано, компанијата повторно ќе нуди стандардна верзија со стаклена конструкција и малку попремиум, керамички заден дел. Останатите карактеристики ќе останат непроменети - премиум дизајн со тенки рамки и голем дисплеј. Во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 845. 

Ова се официјалните цени:

  • 6GB RAM + 64GB ROM: $510 за Standard Edition, $660 за Ceramic Edition
  • 6GB RAM + 128GB ROM: $555 за Standard Edition, $705 за Ceramic Edition
  • 8GB RAM + 128GB ROM: $600 за Standard Edition, $750 за Ceramic Edition
  • 8GB RAM + 256GB ROM: $645 за Standard Edition, $795 за Ceramic Edition
Покрај споменатите модели, Xiaomi работи и на Ferrari верзија од уредот, која ќе биде директен конкурент на Find X Lamborghini Edition на кинескиот ривал Oppo. Иако нема да доаѓа со значителни промени во спецификациите, ќе вклучува поголема батерија и 512GB меморија. Наместо тоа, фокусот ќе биде на дизајнот. Наводно, компанијата планира да го произведе уредот со селфи камера која ќе се наоѓа под дисплејот. 
Сега за сега, Mi Mix 3 го очекуваме во септември.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.