x

Xiaomi Mi Mix 3 пристигнува на 15 октомври: Слики и спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Октомври, 2018 од GSM.mk

Пред месец дена, Xiaomi потврди дека Mi Mix 3 ќе биде достапен за корисниците при крајот на октомври. За жал, досега не беше познат официјалниот датум...

Благодарение на промотивен постер кој се појави, компанијата официјално потврди дека новиот смартфон ќе биде претставен на настан одржан на 15 октомври.


Според фотографиите кои се појавија, Mi Mix 3 ќе доаѓа со променет дизајн, минимални рамки и лизгачки панел на задната страна наменет за камерите. Во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 845, заедно со најмалку 6GB или 8GB RAM. Додека претходните модели имаа 64GB меморија, Mi Mix 3 го очекуваме со 128GB меморија, која ќе се прошири или до 256 или до 512GB. 

Во однос на другите спецификации, очекуваме скенер за отпечатоци сместен под големиот дисплеј, вертикален систем камери на задната страна, батерија од 3,500mAh и Android 9 Pie.

Како што веќе спомнавме, продажбата на уредот ќе започне при крајот на октомври. И покрај моќните спецификации, неговата цена не би требало да е многу висока.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.