x

Xiaomi Mi Pad 4 пристигнува на 25 јуни!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 24 Јуни, 2018 од GSM.mk

По голем број гласини околу Mi Pad 4, Xiaomi конечно официјално потврди кога ќе биде најавен новиот таблет, заедно со уште неколку детали за него..

Компанијата потврди на Weibo дека новиот таблет официјално ќе биде најавен на 25 јуни. Како и неговиот претходник, новиот Mi Pad 4 ќе доаѓа со 7.9 инчен дисплеј, со повисок 18:9 сооднос, сличен како оној на поновите смартфони на компанијата.

Во внатрешноста, ќе се наоѓа Snapdragon 660, заедно со 4GB RAM и 64GB меморија. На задната страна, ќе се наоѓа камера од 13 мегапиксели, додека селфи камерата ќе биде од 5 мегапиксели. Ќе работи на Android 8.1 и голема батерија од 6000mAh.

Цената, како и повеќе информации за неговата достапност, сеуште не се познати. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.