x

Xiaomi патентираше смартфон дизајн со вградени безжични слушалки!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 29 Јули, 2020 од GSM.mk

Xiaomi постојано се обидува да претстави уникатен дизајн и карактеристики со своите нови смартфони. Пред само неколку дена патентираше еден интересен дизајн за нов уред:

Најновиот патент на Xiaomi вклучува неколку интересни елементи во однос на дизајнот. Најпрво, уредот ќе нема notch, дупка, ниту селфи камера на лизгање. Наместо тоа, камерата ќе биде вметната под дисплејот. Овој дизајн не е толку уникатен и го имаме видено неколку пати претходно.

Но, најинтересниот дел од патентот се дефинитивно двете дупки кои се наоѓаат на горниот дел. На прв поглед изгледа дека станува збор за звучници, но всушност во нив ќе се наоѓаат вградени безжични слушалки.

The swiveling design of Xiaomi's latest patent - Xiaomi patents a smartphone design with built-in wireless earbuds

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.