x

Xiaomi Pocophone F1: Цена и спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Август, 2018 од GSM.mk

Новите фотографии ги потврдуваат спецификациите на очекуваниот Xiaomi Pocophone F1, како и цената по која ќе биде достапен:

Четвртата најголема компанија во светот на смартфоните има најмалку 2-3 нови и интересни уреди кои очекуваме да ги претстави наскоро, од кој еден ќе биде достапен на европскиот пазар по разумна цена и со моќен процесор.

Xiaomi Pocophone F1 price and full specs may have been prematurely revealed (Updated)

Фотографиите кои се појавија потврдуваат дел од клучните спецификации на уредот, како Snapdragon 845, AI дуален систем камери и батерија од 4000mAh. Покрај тоа, сликите го потврдуваат и модерниот дизајн на Pocophone F1 - метална конструкција, две вертикално поставени камери на задната страна и дисплеј кој наликува на iPhone X. Кога сме веќе кај дисплејот, станува збор за 6 инчен панел со резолуција од 2246 x 1080 пиксели, додека камерите на задната страна ќе бидат од 12 и 5 мегапиксели, а селфи камерата од импресивни 20 мегапиксели. Последно, знаеме дека процесорот ќе биде придружен од 6GB RAM и 64GB меморија.

Xiaomi Pocophone F1 price and full specs may have been prematurely revealed (Updated)

Xiaomi Pocophone F1 price and full specs may have been prematurely revealed (Updated)


И покрај прилично моќните спецификации, цената на Xiaomi Pocophone F1 ќе биде околу 500 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.