x

Xiaomi работи на смартфон на преклоп со ротирачки камери?

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 27 Мај, 2020 од GSM.mk

Новиот патент на Xiaomi открива смартфон со интересен дизајн.

Се работи за смартфон на преклоп како што cе Motorola Razr и Samsung Galaxy Z Flip, но со ротирачки камери. Овој механизам овозможува физичко ротирање на задните камери кон напред за да може да направите селфи фотографија.

Рендерите ги направи Lets Go Digital врз основа на скица од патентот.

Во горниот дел е копчето за отклучување и исклучување на уредот, како и копче за контрола на звукот. Под делот кој се ротира се наоѓаат звучници.

Овој патент не значи со сигурност дека Xiaomi ќе произведе ваков уред бидејќи произведувачите често ги патентираат уредите коишто никогаш не стигнуваат на пазарот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.