x

Xiaomi Redmi Note 9 Pro 5G ќе биде вистински ривал на Note серијата!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Ноември, 2020 од GSM.mk

Redmi брендот на Xiaomi потврди дека Note 9 серијата ќе биде најавена на 26 ноември. Еве што не очекува:

Најпрво, Note 9 и Note 9 Pro ќе бидат првите 5G уреди на брендот. Како што кажува името, Pro моделит ќе биде помоќниот од двата и ќе работи на Snapdragon 750G со 12GB RAM и 256GB меморија. Дисплејот е 6.6 инчен, а на задниот дел ќе има систем од четири камери од кои главната ќе биде од 108 мегапиксели, додека селфи камерата ќе биде од 16 мегапиксели.

Регуларниот модел ќе работи на Dimensity 800U процесор и ќе нуди 8GB RAM и 256GB меморија. Дисплејот ќе биде 6.5 инчен LCD, а на задниот дел ќе има систем од три камери со главна од 48 мегапиксели, селфи камера од 13 мегапиксели и батерија од 5000 mAh. Двата ќе работат на Android 10 со MIUI 12.

И покрај одличните карактеристики, цената на Note 9 Pro 5G ќе биде 229 долари, а цената на Note 9 5G ќе биде 150 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.