x

Xiaomi три години работеше на ново лого и го доби старото

Категорија: Занимливости Објавено на 06 Април, 2021 од GSM.mk

Сите му се смеат на кинескиот производител на смартфони откако го претстави своето ново лого, кое е речиси идентично со старото.

Кинеските корисници на социјалните мрежи останаа збунети од тоа колку малку е променето, имајќи предвид дека Xiaomi три години работеше на ново лого на што потроши 2 милиона јуани. што е околу 305 илјади американски долари.

Разликата помеѓу новото и старото лого е единствено во обликот. Новото е заоблено, за разлика од старото кое беше со агли. Друго сѐ е исто.


Некои велат дека коосновачот Леи Џун „е измамен и треба да повика полиција“. Други велат дека ќе му направеле ново лого за далеку помалку пари.


Хонгконгшкиот дневен весник South China Morning Post цитира некои од предлозите, а цените на понудите за ново лого оделе толку ниско што еден понудил „ќе го направам за 20.000 јуани“, додека друг „јас за 2 илјади“.

Не се импресионирани ниту пак луѓето од западниот свет, па Xiaomi добива само критики во стилот „пронајдете ја разликата“.

„Претпоставувам многумина ќе речат 'Што е ова? За ова им требаа три години?'. Да бидам искрен, ниту јас не ја сфатив поетата на прво гледање, но сега ми се допаѓа. Тоа најдобро го претставува денешниот Xiaomi“, вели, сепак, задоволниот газда Леи.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.