x

Xperia 10 и 10 Plus: Новата серија на Sony која ќе ги замени Xperia XA уредите

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Февруари, 2019 од GSM.mk

Пред три години, Sony започна да ги претставува ‘Xperia XZ' премиум уредите, заедно со 'Xperia XA' уредите од средната класа. Но, изгледа дека оваа година компанијата ќе ги промени работите..

Наместо да ги претстави Xperia XA3 и Xperia XA3 Ultra како уреди од средната класа, компанијата ќе им даде нови имиња на овие смартфони - Sony Xperia 10 и Xperia 10 Plus.

Од спецификации, очекуваме да доаѓаат со висок, 21:9 сооднос, придружен од минимални рамки и поголем дел на горната страна, наменет за селфи камерата. На задната страна ќе се наоѓа стаклена конструкција и дуален систем камери.

Преминувајќи во внатрешноста, ќе се наоѓа Snapdragon 660, 6GB RAM и 64GB меморија. Ќе работи на Android 9 Pie.

Претставувањето на Xperia 10 & 10 Plus го очекуваме на 25 февруари, заедно со Xperia XZ4. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.