x

Xperia работи на Xperia XZ3 Premium со 18:9 дисплеј!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Јуни, 2018 од GSM.mk

Според голем број информации, Sony планира да го претстави Xperia XZ3 при крајот на летото, за време на IFA 2018. Но, покрај него, компанијата припрема и следбеник на Xperia XZ2 Premium..

Станува збор за Xperia XZ3 Premium, уред кој ќе доаѓа со значителни подобрувања во однос на обичната верзија. Поспецифично, вклучува дисплеј со повисока резолуција, од 3840×1920 и нов 18:9 панел. Интересно е што пред само неколку дена, Sony изјави дека 16:9 дисплеите се најдобри. 

Xperia XZ3 Premium with 18:9 display and Android P could be in development

Од другите спецификации, очекувани се 6GB RAM и 128GB меморија. Од друга страна, кај камерите нема да има големи промени - истиот 19 мегапикселен сензор, придружен од секундарна камера од 12 мегапиксели и селфи камера од 13 мегапиксели. 

Како што рековме, претставувањето на уредот го очекуваме за време на IFA 2018, при крајот на летото. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.