x

YouTube ќе ги потсетува Android корисниците да одморат од гледање видеа!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Мај, 2018 од GSM.mk

Во старите добри времиња, родителите се жалеа што нивните деца сите дома и гледаат TV со часови, наместо да излезат надовор. Сега, благодарение на мобилната технологија, децата може да излезат надвор и сеуште да гледаат видеа на нивните мали екрани..

Google репи да се грижи за децата додека родителите не се до нив, благодарение на "Digital Wellbeing" иницијативата. Некои од функции ќе бидат дел од Android P, додека други ќе може да ги најдете во одредени Android апликации. 

Една апликација каде постојано е потребен надзор од родители е YouTube. Децата, па дури и возрасните, поминуваат безброј часови во денот гледајќи видеа. Постојаното гледање видеа на вашите мали, или големи, екрани, може буквално да го оштети вашиот мозок. 

Android users can now ask YouTube to remind them to take a break from watching videos after a certain period of time

Затоа отсега, доколку имате Android уред, може да му наредите на YouTube да ве потсети дека постојат други работи во животот освен гледањето видеа. Отворете ја апликацијата и кликнете на ваша слика во горниот десен агол. Потоа, одете во Settings > General> Remind me to take a break. Тука може да одбирате од "Never" до 180 минути (или 3 часа)

Големото прашање е, дали ќе го послушате предупредувањето на екранот?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.