x

YouTube Originals ќе биде бесплатен во септември!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 18 Август, 2019 од GSM.mk

Според првичните информации YouTube Originals требаше да биде достапен во 2020 година. Но, компанијата реши да го претстави неколку месеци порано...

Кога беше најавена платформата, YouTube изјави дека овие видеа ќе бидат бесплатни за сите, а не само за Premium членовите. Почнувајќи од следниот месец, оригиналните филмови, серии и настани на YouTube ќе бидат бесплатни и достапни за сите од 24 септември, но "гледачкото искуство" ќе биде различно во однос на тоа дали сте Premium член или не.

На пример, оние што имаат Premium профил ќе може да ги гледаат видеата без реклами, ќе имаат пристап до сите епизоди одма откако ќе се појават и ќе може да ги симнуваат овие видеа за гледање без интернет конекција. 

Од друга страна, "обичните гледачи" ќе мора да чекаат секоја епизода да биде достапна за јавноста. Истотака, нивните видеа ќе имаат и реклами. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.