x

YouTube со нови промени за прикажување на рекламите

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 24 Ноември, 2018 од GSM.mk

На многу YouTube корисници им сметаат рекламите што се појавуваат на почетокот и во текот на видеата, а сега популарниот видеосервис ќе воведе промени.

Најавено е експериментално прикажување на две pre-roll реклами на почетокот на видеото кои ќе можат да се „прескокнат“.

Тоа значи  дека рекламите поретко ќе се појавуваат во текот на гледањето видеа, а YouTube проценува дека за 40 проценти ќе бидат намалени прекините поради реклама во текот на гледањето на едно видео.

Промените за десктоп верзијата ќе бидат воведени годинава, а потоа следни се мобилната верзија и ТВ.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.