x

YouTube за Android конечно доби dark mode

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 02 Август, 2018 од GSM.mk

Пред помалку од 6 месеци, Google најави нова темна тема за YouTube апликацијата на Android и iOS уредите, но тоа се случи само делумно..

Додека iOS корисниците веќе се запознаени со темата, Android корисниците беа исклучени од првичното претставување. За среќа, на Google му беа потребни "само" 6 месеци да ја претстави темата која ја вети уште во март. 

Наводно, Android корисниците ќе може започнат да ја користат Android темата во текот на оваа недела. Бидејќи станува збор за update, нема потреба ништо да симнувате. Дефинитивно ќе знаете кога темната тема ќе биде присутна за вашата YouTube апликација. Темата не доаѓа со никакви други промени во дизајнот, покрај потемната позадина.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.