x

Yugo 45 во GTA V изгледа подобро отколку во живо

Категорија: Занимливости Објавено на 26 Јуни, 2018 од GSM.mk

егендата Zastava Yugo 45 кој и понатаму ги мери должините на македонските улици, изгледа многу поубаво во популарната GTA V. Неодамна излезе посебен мод за оваа видео игра во која можете да уживате возејќи го овој култен модел на автомобил.

Zastava Yugo 45 е првата верзија на овој мод за GTA V, кој е дело на авторот Stefan_Menjac.

За да го инсталирате овој мод ќе ви биде потребен софтверот OpenIV, кој доколку го немате инсталирано, можете да го најдете на овој линк. Од она што можеме да го издвоиме, освен нашето изненадување и задоволство што го гледаме овој култен автомобил во една од најпопуларните игри во светот, се висококвалитетните текстури на внатрешноста и надворешноста, работењето (отворање/затворање) на вратите, камерата од прво лице, светлата и копчињата за светло, стоп-светлата, рикверц-светлата, рацете на воланот и уште многу повеќе. Дел од искуството можете да го проследите преку видеата подолу.

Секако, овој мод не е без пропусти. Најголемиот пропуст е што нема модели на Yugo кои можат дополнително да се „тјунираат“, но тоа веројатно ќе биде исправено во некоја од наредните верзии на овој мод. Автомобилот исто така нема мотор во овој мод од играта, уште една работа на која треба да се обрне внимание кога ќе излегува следната верзија од модот.

Оцената на овој мод е 4,97 од можни 5, а засега е преземен преку 3.000 пати. Тој е направен врз основа на претходниот мод за Asseto Corsa, чиј автор беше Максим Митровиќ.


Модот можете бесплатно да го преземете ТУКА. Возете го вашето Yugo со задоволство, како што би го правеле тоа доколку го имавте во вистинскиот живот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.