x

За љубителите на видеоигри: Возете го Tesla Roadster помеѓу астероидите во ретро игричка

Категорија: Забава Објавено на 31 Мај, 2018 од GSM.mk

Оние кои сакаат видеоигри можат да се забавуваат возејќи го Tesla Roadster автомобилот помеѓу астероидите во вселената.

Станува збор за ретро видеоигра која ја креираше блогот AutoWise, а играчите управуваат со Tesla Roadster, чиј директор Елон Маск го лансираше токму овој автомобил во февруари со помош на ракетата Falcon Heavy, во производство на компанијата Space X, чиј директор е исто така Маск.

Играта е поделена во три фази, а тоа се Земја, Месечина и Марс, а играчите се соочуваат со најразлични непријатели кои мораат да ги уништитат или да ги избегнат, а последниот „лош лик“ е директорот на Amazon, Џеф Безос, основач на ривалската вселенска компанија Blue Origin.

Играте можете да ја играте овде.

Се движите со помош на стрелките, а ја користите опцијата Space од тастатурата за пукање.


Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.