x

За првпат во историјата iPhone го надмина целиот екосистем на Android

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 14 Септември, 2022 од GSM.mk

Најновото истражување покажа дека iPhone доминира на домашниот пазар во САД.

За првпат досега, во САД се користат повеќе iPhone од кој било друг тип на паметни телефони. Врз основа на податоците од Counterpoint Research, iPhone го престигна целиот екосистем на Android во јуни и презеде над 50% од уделот на американскиот пазар. На овој начин Apple го постигна својот најдобар резултат досега на домашниот пазар.

Во раните денови на iPhone, iOS (тогаш познат како iPhone OS) никогаш не достигна блиску до 50% удел на пазарот. Во тоа време на пазарот доминираа компании како Blackberry, Nokia и Motorola. До 2010 година, две години по неговото деби, Android го надмина iOS и се позиционираше како најпопуларен екосистем. Оттогаш, оперативниот систем на Google е доминантна сила меѓу мобилните оперативни системи, zaземајќи дури 70% од уделот на глобалниот пазар во оваа категорија, според податоците на Statcounter.

Иако iPhone отсекогаш имал поголемо присуство во САД во споредба со другите пазари, најновиот развој треба да го загрижи Google и нема сомнеж дека компанијата внимателно ја следи ситуацијата.

„Ова е голема пресвртница што би можеле да ја видиме како се повторува во другите богати земји ширум светот“, рече Џеф Филдхек, директор за истражување во компанијата Counterpoint Research. Дека зборовите на Филдхек не се само празни шпекулации говори и фактот што во периодот од јануари 2021 до април 2022 година iPhone ги зазема сите врвни места на најважните светски пазари.

Apple ги објави новите iPhone телефони на 7 септември. Сепак, овој настан ќе биде историски по една работа - Apple за прв пат ќе го користи минатогодишниот чипсет во своите водечки телефони. Останува да видиме како потрошувачите ќе реагираат на овој потег и колку тоа ќе влијае на продажбата.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.