x

Започна продажбата на Sony Xperia 1 II 5G по цена од 1200 долари!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 27 Мај, 2020 од GSM.mk

Xperia 1 II беше најавен уште во февруари, но официјално стана достапен дури на крајот од мај...

Xperia 1 II е новиот флегшип на компанијата. Претпродажбата на уредот веќе започна, а официјално ќе биде достапен од 1 јуни по цена од 1200 долари.

Смартфонот е снабден со 6.5 инчен AMOLED дисплеј со 4K резолуција од 1644 x 3840 пиксели. Работи на Snapdragon 865 со 8GB RAM и 256GB меморија. Овој процесор нуди 25% подобри перформанси од процесорот со кој доаѓаше неговиот претходник.

На задниот дел има систем од три камери вертикално поставени кои се од 12 мегапиксели и придружени од ToF сензор. Селфи камерата е од 8 мегапиксели. Истотака, доаѓа со батерија од 4000 mAh со брзо полнење која се полни до 50% за 30 минути.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.