x

Запознајте го Oukitel K7: Батерија до 3 дена и кожен дизајн

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Јуни, 2018 од GSM.mk

Oukitel, компанија која не ја слушаме често во светот на смартфоните, го претстави својот нов уред со моќни спецификации и интересен изглед - ова е Oukitel K7:

Да започнеме со една од најинтересните карактеристики на уредот - K7 доаѓа со неверојатна батерија од 10,000 mAh, која може да издржи 20 часа при пуштање видеа онлајн, два месеци при мирување и три дена при нормално користење. Покрај тоа, нуди брзо полнење. 


Истотака, останатите спецификации не се лоши. Нуди 6 инчен FHD+ панел со висок сооднос, octa-core процесор, 4GB RAM и 64 GB меморија. На задната страна, се наоѓа 12 мегапикселна камера, придружена од 2 мегапикселна секундарна, а селфи камерата е од 5 мегапиксели. 



Претпродажната цена на уредот е 159 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.