x

Запознајте го Palm: Најмалиот смартфон кој ќе биде придружник на вашиот голем уред

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Октомври, 2018 од GSM.mk

Седум години откако го видовме последниот уред, Palm брендот се врати на пазарот со нови сопственици, ново лого, а сега и нов смартфон кој ќе биде додаток за другите уреди на компанијата..

Смартфонот чие име е Palm е мал уред кој е дизајниран да биде придружник на вашиот поголем телефон. На прв поглед, ваков уред звучи дека не би доаѓал со којзнае какви спецификации, но всушност под хаубата на Palm се наоѓа Snapdragon 435, заедно со 3GB RAM. Покрај тоа, доаѓа со 32GB меморија, како и батерија од 800mAh која ветува цел ден издржливост при користење и три дена при "мирување". 

Во однос на надворешниот изглед, Palm е целосно изграден од Gorilla Glass, заедно со алуминиумска конструкција и IP68 водоотпорност. На предната страна се наоѓа мал, 3.3 инчен LCD дисплеј и 8 мегапикселна селфи камера. Задната камера е од 12 мегапиксели и вклучува LED блиц. 


Продажбата на Palm ќе започне во ноември, а неговата цена ќе биде 350 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.