x

Запознајте се со најмалиот телефон на светот

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Март, 2013 од GSM.mk

Веќе сите знаеме дека денешните телефони кога ќе „пораснат“ сакаат да бидат таблети, па заради тоа стануваат се поголеми и поголеми. Сепак, не толку одамна, да имаш што помал телефон те правеше покул од другите..

Јапонскиот производител на мобилни телефони Willcom сеуште се сеќава на тоа време, па затоа реши да го искомбинира денешниот моќен хардвер во еден екстремно мал телефонски уред.

Телефонот, наречен Phone Strap 2, тежи само 32 грама (со што е и најлесен телефон во светот), а има димензии од 32 x 70 x 10.7 милиментри. Чисто за споредба, iPhone-от тежи 112 грама, што е за четири пати потешко од Phone Strap 2. Телефонот е опремен со екран со дијаметар од само еден инч, но сепак можете да правите одредени модерни функции - на пример да праќате и примате мејлови. Исто така, телефонот е опремен со антена на преклопување, што уште повеќе не враќа во минатото. :)

Батеријата е жртвата овде, бидејќи за да биде мала, може да издржи само 2 часа активен разговор. Телефонот поседува и microUSB приклучок за слушаки и може да зачува до 1,000 контакти во својата меморија. Phone Strap 2 е достапен во три различни бои - розева, црна и бела.

Засега ќе бидат произведени само 12,000 уреди, а точниот датум на продажба, како и неговата цена, сеуште се непознати.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.