x

Зашто iPhone XS е подобар од било кој алуминиумски телефон на пазарот?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Ноември, 2018 од GSM.mk

Алуминиумот е лесен и издржлив. Токму поради тоа е присутен кај голем дел од денешните смартфони. Но, нерѓосувачкиот челик е уште еден материјал кој почна се почесто да се користи, особено кај премиум смартфоните, како iPhone Xs и Xs Max..

Клучните предности на нерѓосувачкиот челик

Нерѓосувачкиот челик е одличен материјал. Отпорен е на корозија и изгледа одлично, но уште поважно, е значително посилен од останатите материјали. Всушност, механичката цврстина на нерѓосувачкиот челик значително ја надминува онаа на алуминиумот, поради што често се користи за производи на кои им е потребна поголема издржливост - како луксузни часовници, автомобилски делови и, во нашиот случај, премиум смартфони. Поради својата голема издржливост, ваквиот челик може лесно да се спротистави на вдлабнатини, гребења и виткања.

The stainless steel frame of the iPhone XS (top) is stronger than the aluminum frame of the iPhone XR (bottom)

Негативната страна

Алуминиумот дефинитивно ќе продолжи да се користи и понатаму. iPhone XR,  Galaxy S9, Pixel 3 и LG V40 - сите овие смартфони доаѓаат со алуминиумска конструкција. Можеби не е поцврст од челикот, но дефинитивно е доволно издржлив за премиум смартфоните. Лесно е да се погоди причината поради која алуминиумот и понатаму ќе се користи - пониската цена за производство. Покрај тоа, алуминиумот е помек и полесно може да се модифицира. Како пример, погледнете го видеото на Apple за производството на iPhone 7, користејќи CNC машина:


На крајот, пониските трошоци за користење на алуминиумот се главна причина зашто нерѓосувачкит челик и понатаму ќе остане материјал кој ќе го гледаме само кај премиум смартфоните. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.