x

Зашто луѓето го мразат Apple?

Категорија: Занимливости Објавено на 06 Ноември, 2019 од GSM.mk

Apple е една од најпопуларните компании во светот. Се разбира, со ваква позиција има голем дел корисниците кои не се сложуваат со успехот и производите на компанијата. Но, зошто е тоа така?

Бидејќи луѓето секогаш го мразат оној кој е на врвот

Како и со останатите вредни брендови, една од најреалните причини за целата омраза кон Apple е токму тоа што е на врвот. Можеби дел од хејтерите се сложуваат со одлуките и производите на компанијата, но никогаш не би го признале тоа. Се разбира, како и секој друг бренд, Apple има тенденција да ја користи својата позиција и да претставува уреди какви што посакува по високи цени, а тоа им смета на луѓето.

Бидејќи Apple е другиот тим

Why do people hate Apple?

Оваа причина е насочена кон фановите на други брендови - Samsung, Huawei, OnePlus и слично. Понекогаш само погрешното лого на телефон е доволно за човек да го мрази уредот без никаква посебна причина. 

Поради Apple фановите

Apple fans waiting in line to buy the latest iPhone - Why do people hate Apple?

Како и секоја друга поголема фан-база, Apple фановите знаат да бидат досадни. Во моменти кога дури и самите сметаат дека одреден прозивод не е доволно добар, тоа никогаш не би го признале поради лојалноста која ја имаат кон брендот.

Бидејќи не можат да бидат дел од фан базата која Apple ја таргетира

Како што расте популарноста на Apple, сите нови производи на компанијата имаат се повисоки цени. Ваквите цени не може секој да си ги дозволи и токму тоа е една од причините - омраза кон тоа што не може да го имаш. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.