x

Збогум на срцкањето на Твитер!

Категорија: Занимливости Објавено на 31 Октомври, 2018 од GSM.mk

Со цел да поттикне дебата меѓу корисниците, популарната социјална мрежа Twitter ќе го укине „срцкањето“ на објави.

Twitter успеа да се издигне над лошите прогнози и драстично ја подобри заработката во последниот квартал. Сепак, компанијата се одлучува за ризичен потег – укинување на опцијата да се „лајкне“ објава со „срце“.

Џек Дорси, директор на социјалната мрежа, рече дека никогаш не му се допаѓала идејата за „срцкање“ и дека со укинувањето на опцијата ќе се поттикне дебата, бидејќи корисниците повеќе ќе комуницираат откако таа опција ќе ја нема повеќе.

За да не останат корисниците само со опцијата „ретвит“, Twitter ќе ја воведе опцијата Bookmarks, што ќе овозможи „означување“ на твитовите што ви се допаѓаат, но само за себе, а авторите на твитот тоа нема да го видат.

Не беше соопштено кога ќе биде укинато „срцкањето“ на Twitter, но според Дорси нема да чекаме многу.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.