x

Земја во која интернет користи само 1,56 процент од населението

Категорија: Занимливости Објавено на 07 Мај, 2019 од GSM.mk

Во оваа земја има вкупно 56 аеродроми, што е прилично многу имајќи предвид дека има само 5 милиони жители.

Ова се најинтересните факти за Туркменистан, држава во Централна Азија што до 1991 година беше дел од СССР.

  • Речиси 80% од површината на Туркменистан ја зафаќа ненаселената пустина Каракум.
  • Климата во Туркменистан е повеќе од фасцинантна – лете температурите се искачуваат до 50 степени Целзиусови, а зимно време паѓаат под нулата со врнежи снег.
  • Речиси 90% од населението се вработени во државната администрација.
  • Земјата е четврта во светот по залихи на природен гас, а и покрај тоа повеќе од 60% од луѓето живеат во сиромаштија.
  • Ако се сметаат само луѓето над 15 години, писменоста во Туркменистан изнесува 99,7 отсто.
  • Туркменистан е познат по изработката на теписи и килими, па има и музеј на теписи во кој се изложени повеќе од 1.000 модели од кои некои се стари и по 200 и повеќе години.
  • Поради ненаселената пустина, густината на населеност во земјата е 10 луѓе на метар квадратен.
  • Интернет користи само 1,56% од населението, што е поразителна бројка.
Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.