x

Зошто новите видеа на YouTube секогаш имаат точно 301 преглед на почеток?

Категорија: Занимливости Објавено на 13 Мај, 2018 од GSM.mk

Речиси секое ново видео на YouTube извесен период има по точно 301 преглед, а се чини дека тоа не е неверојатна случајност, туку постои реална причина - видео сервисот тоа го прави намерно.

Кога ќе се објави ново видео и ќе почне да привлекува прегледи, Google сака да биде сигурен, дека тие прегледи доаѓаат од вистински посетители, а не дека се „наместени“ кликови од некоја компанија или поединец кој сака да привлече внимание.

Заради тоа, YouTube го паузира бројачот на 301 преглед, додека неговите системи го прегледуваат видеото и неговите копии на серверите ширум светот за да ги верифицираат посетите.

Тед Хамилтон, еден од менаџерите на мрежата, вели дека не знае зошто е тој број избран, и додава дека секо видео кое за кусо време привлекува голем број посети, поминува на проверка.

Вообичаено бројката е фиксирана на 301 преглед околу половина ден, а понекогаш и подолго, се додека не помине верификацијата, а кликовите и понатаму се бројат. Штом ќе заврши верификацијата, вкупниот број се додава на јавниот бројач.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.